Почетна страна  I    Мапа  I    Контакт  I    Прашања  
 
 
ЗА НАС
 
 ЗА НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
 НАША ЦЕЛ И МИСИЈА
 КОИ СЕ НАШИТЕ КЛИЕНТИ
 ISO 9000:2001
 
 
  ЗА НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
 

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ е компанија која нуди решенија за обезбедување, вклучувајќи: униформирани лица, лично (бодигард) обезбедување, мониторинг (алармирање на медицинска брза помош и противпожарни екипи) услуги, придружба за транспорт на вредни предмети и пари, како и решенија за обезбедување и специјални курсеви за обука во областа на обезбедувањето. Компанијата има повеќе од 600 вработени и врши услуги во границите на Република Македониа.
          НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ е основана во Скопје, Р.Македонија во 1998 година од високостручна екипа со повеќе од 30-годишно работно искуство во областа на обезбедувањето и од група успешни бизнисмени кои имаат добри политички и бизнис односи на Балканот.
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ е прва судски регистрирана агенција за обезбедување во Македонија. На самиот почеток Агенцијата почна да работи само во главниот град Скопје, а подоцна, во 2002 година се прошири и денес дава и нуди услуги низ целата земја.
Во периодот од 1998 до 2000 година основна и единствена цел беше да нуди мониторинг и алармни услуги со локални патролни единици. Во 2001 година на пазарот имаше голема побарувачка на лично обезбедување, придружба и портирски услуги, па затоа НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ го прошири доменот на услуги со: физичка заштита, придружба при пренос на пари и вредни предмети, планирање и советување за професионално обезбедување. Во 2002 година НИКОБ отвори свое претставништво во Охрид, со цел да биде поблиску до клиентите од тој регион.
Понатаму, поради побарувачката за вешти и образовани кадри, НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ во своите рамки создаде училиште за курсеви по техничко, теоретско и физичко образование за свои потреби. На крајот на 2002 година НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ отвори училиште за обука со програма за сите заинтересирани граѓани, бидејќи за добивање лиценца, неопходна за вработување во агенција за обезбедување, потребно е да се положи стручен испит, за кој е потребна подготовка на повисоко ниво. НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, со цел да ги задоволи потребите за образование и обука на многу заинтересирани граѓани за да се подготват за добивање на неопходната лиценца за работа во областа на обезбедувањето, официјално отвори училиште за обезбедување.  
Денес НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ може да се пофали со 55% зголемување на обемот на работа во последните две години и со гордост да истакне дека над 2000 задоволни клиенти ги користат нејзините услуги.    

 
 
 
НИКОБ Обезбедување. ISO 9001:2000 Сертифицирана компанија.
македонски english