Почетна страна  I    Мапа  I    Контакт  I    Прашања  
 
 
УСЛУГИ
 
 ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
 МОНИТОРИНГ УСЛУГИ
 ТРАНСПОРТ НА ПАРИ И ДРУГИ ВРЕДНОСНИ ПРАТКИ
 РЕШЕНИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ДРУГИ УСЛУГИ
 
 
  ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
 

          Секојдневно нашите униформирани лица ја гарантираат безбедноста во нашето општество и на нашите клиенти низ целата држава. Нашата екипа за обезбедување брои повеќе од 500 членови, кои се обучени и специјализирани во различни полиња од областа на безбедноста (од индустријата преку банкарството и финансиите). Менаџерскиот тим на НИКОБ Ве уверува дека сите наши вработени се квалитетно обучени, така што се подготвени да решат какви било проблеми и незгоди, кои може да произлезат во нивната работна средина. Работниците од обезбедувањето на НИКОБ се имаат здобиено со големо искуство и може да понудат стручно мислење во следниве области:

  • Обезбедување на банки и финансиски институции (заштита на капитал, имот, контрола на пристапот и вработените)
  • Обезбедување на живеалишта ( заштита на приватен имот, превенција од провали, пожари и кражби)
  • Обезбедување на манифестации ( спроведување на целосен пакет на услуги за обезбедување на јавни настани и манифестации)
  • Обезбедување на продавници (големи и средни трговски центри, мали продавници: заштита на имотот од кражби и провали, одржување на редот и заштита од кражба)
  • Обезбедување на индустриски и производствени капацитети (контрола на пристапот, надгледување и контрола на произведените продукти, контрола на изнесените и внесените материјали и производи од производствените погони, одржување на редот во индустриските имоти)
  • Обезбедување во здравството (заштита од инциденти на меди-цинските центри и нивните вработени).

          Покрај гореспоменатите услуги, нудиме и дополнителни, како што се:

  • Придружба на физички лица во рамки на обезбедуваните капацитети
  • Локален мониторинг: работници во обезбедувањето кои вршат мониторинг на веќе обезбедуваните објекти, во кои е инсталиран мониторинг систем (CCTV технологија), алармен систем и контрола на пристап.
  • Портирски услуги: Надгледување на пристапот на вработените и посетителите, давање информации, контрола на пратките, со други зборови максимална безбедност на вработените и посетителите.

          Сите наши работници поседуваат лиценца и постојано се надградуваат, за да можат да ја извршат секоја од поставените задачи.

 
 
 
НИКОБ Обезбедување. ISO 9001:2000 Сертифицирана компанија.
македонски english