|
 |
| |
ОБРАЗОВАНИЕ |
| |
Високо образовните стандарди, организирани и овозможени од професионален и стручен кадар со употреба на современа стручна литература, нагледни средства и примена на современа едукативна матодологија гарантираат брза и ефикасна едукација на кандидатите.
Во подготовката можат да бидат вклучени поголеми или помали групи но и индивидуалци за теоретскиот или практичниот дел од испитите потребни за добивање лиценца за обезбедување лица и имот.
Подготовката за практичното полагање на стручните испити опфаќа: Ракување со огнено оружје; гаѓање; вештини за самоодбрана и заштита на лица под придружба.
Кандидатите добиваат и практична обука за ракување со уреди за техничка заштита на имот и противпожарна опрема.
Теоретскиот дел од подготовките ги опфаќа областите на: организација на работите на обезбедување; тактика на спроведување на мерките на обезбедување; тактика во примена на овластувањата; криминалистика; употребана уреди за техничка заштита и други безбедносни теми.
|
|
| |
 |
| |
| |
|
НИКОБ Обезбедување. ISO 9001:2000 Сертифицирана компанија. |